ПРОИЗВОДСТВЕН ПОГОН
Производствто на SUPPORTA вратите се протега на површина од 4.000 m2, и го прави високо автоматизиран процес на производство.
Нашите врати не се произведуваат од готови елементи, туку од суров материјал машински обработен до крајниот производ. Преработката комплетно се врши во производствен погон на специјализирани компјутерски машини и CNC центри за обработка со постојан акцент на обучените оператори и младиот машински парк.
Производствто и магацинот со готови производи со своите капацитети овозможуваат најкратки рокови за испорака, независно од количествата кои ги испорачуваат.
Постојаното вложување во современиот машински парк и во магацинските капацитети, постојаното унапредување на производството, сертифицирањето на производите и процесот на работа, следењето на трендовите и темелното познавање на потребите на купувачите, на SUPPORTA собните врати им овозможуваат предност на пазарот и конкурирање на европскиот пазар.
Големо внимание им се посветува на општествената одговорност и на заштитата на животната средина, при што во рамките на процесот на производство се врши и третман на отпадот произведен при обработка на материјалите. На овој начин во целост се затвора производствената целина – од набавка на сурови материјали во големи димензии до производство на фини елементи за SUPPORTA собните врати.